ELECTROLUX

ELECTROLUX
WE PRODUCE, WE SELL AND WE REPAIR
satisfaction is guaranteed


Legal Notice and judgment of Electrolux

DocumentsDate added

Order by : Name | Date | Hits [ Descendent ]

 

 

Пресуда на Основен Суд Битола - Judgment of Basic Court Bitola  «ТС-15/15»

 

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА со судијата « Г. М. » претседател на совет, и судиите поротници А. Ш и Н. П. членови на совет по правната работа на тужителот « АВ Electrolux » Стокхолм - Шведска « St.Goransgatan 143 ЅЕ 105 45 » Stocholm Шведска застапуван преку полномошникот адвокат Ж. К. С. од Скопје , против тужениот « Друштво за производство на апарати за домаќинство и професионална опрема, нерѓосувачки челик, индустриски, четки, палензо, гумени производи, електрични греачи, правосмукалки, иробот, дизајн лаб трговија на големо и мало, услуги, спорт ,академија и кооперација увоз-извоз ЕЛЕКТРОЛУКС ДООЕЛ Битола ул.Цар Самоил З6 Битола Македонија », застапуван од полнoмошник адвокат Николчо Лазаров од Скопје, основ «повреда на право од индустриска сопственост», вредност 40.000,оо денари, по одржаната усна и главна и јавна расправа во присуство на полномошниците на странките на ден « 26.01.2016 » година, ја донесе следната:

 

П РЕСУДА

 

 Тужбеното барање на тужителот со кое бараше да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговската марка : Electrolux ( во збор) со регистарски број 03982, регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од Меѓународната класификација на производи и услуги; и electrolux ( во збор) со регистарски број 03983 , регистрирана за производите од класите 01,03,04,06,07,08,09,10,11,12,14,17,18,20,21, и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги , и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка; да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот за трговската марка zanussi ( во збор) со број на пријава ТМ-2013/556 , за производи и услуги од класата 28 од Меѓународната класификација на производи и услуги и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка , како и да и се наложи на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) да ги поништи регистрациите на домените :

1. www.elektroluks.com.mk

2. www.electrolux.com.mk,

3. www.electroluxpalenzo.mk

4. www.electroluxappliances.com.mk

5. www.electroluxprofessional.com.mk

6. www.elektroluxmakedonija.com.mk

7. www.electrolux.mk

8. www.elektroluks.mk

9. www.electroluxservice.com.mk

10. www.electroluxheatingelements.com.mk

11. www.akademijaelectrolux.com.mk

12. www.electroluxdesignlab.mk

13. www.elektroluks.net.mk

и да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот на МАРнет, како и да му ги надомести на тужителот парничните трошоци во износ од 123.700,оо денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

 

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот да му ги надомести предизвиканите парнични трошоци на тужителот во износ од 73.699,оо денари, во рок од 8 дена по приемот на оваа пресуда, а за разликата до бараните трошоци од 74.835,оо денари, барањето на тужениот СЕ ОДБИВА.

 

Образложение

 

Тужителот во завршен збор предложи да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговските марки : Electrolux ( во збор) и за трговската марка Zanussi ( во збор) кои биле регистрирани во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви , од соодветни класи на производи и услуги на име на тужителот, имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги заради тоа што смета дека тужениот користејќи ги своите регистрираните домен - имиња преку интернет , неовластено користел знаци слични или идентични со трговските марки и производи и услуги на тужителот, и дека со таквата сличност стварал забуна кај просечниот потрошувач за тоа за чии производи и услуги се работи. Таквите дејствија претставувале повреда во смисла на чл.206 ст.1 , 2 и 3 од Законот за индустриска сопственост според која законска одредба, тужителот како носител на трговските марки имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги,и според која законска одредба тужителот како носител на трговската марка имал право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги.доколку таква сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач . Заради тоа во вториот дел од тужбеното барање предложи и да му се забрани на тужениот користењето на овие две трговски марки, повикувајќи се на примена и на чл.25 од Правилникот на МАРНЕТ бидејќи повредата била сторена преку интернет, што било видно и од изведените докази - вештачење и записници за утврдени факти од нотар. Наведе и тоа дека тужениот постапувал спротивно на чл.50 од ЗТД со тоа што фирмата под која бил регистриран преку интернет и регистрираните домени не ја употребувал со кирилично писно, туку на латиница , со што ја повредувал трговската марка на тужителот. Во третиот дел од тужбеното барање побара судот да наложи на МАРНЕТ да ги поништи регистрациите на домените - домен имињата ( 13) регистрирани на име на тужениот , да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот . Смета дека непостои пресудена работа бидејќи фактичката состојба сега била различна во однос на онаа утврдена со пресудата на Врховниот Cуд , кои факти се однесувале на 2007 година , а сега се однесуваат на утврдени факти во 2013 година и подоцна. Трошоци побара.

Тужениот предложи тужбата да се отфрли поради пресудена работа бидејќи со пресуда на Врховниот Cуд Рев. 1 бр. 220/2012 од 13.06.2013 година , која се наоѓа во судските списи на овој суд ТС.бр.110/11, било одбиено тужбеното барање на истиот тужител против истиот тужен , по ист основ - за утврдувањето на повреда на правото на индустриска сопственост за истата трговска марка. Во секој случај доколку судот не ја отфрли тужбата да го одбие тужбеното барање како неосновано со оглед било конфузно поставено , небило нити јасно што бара тужителот со предметната тужба , каква заштита бара, дали бара заштита на трговска марка, дали бара заштита на домените содржината на сајтовите за приложил записници од нотар, дали бара заштита на името на трг.марка , симболите или знаците, со наводи дека тужениот не сторил никаква повреда на павот на трговските марки на тужителот.

 

 

 

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА, со судијата « О. А. »-претседател на совет и судиите поротници В.Ч. и Н.П. , по правната работа на тужителот «АВ Electrolux» «St.Goransgatan 143 ЅЕ 105 45» Stocholm Шведска застапуван преку полномошникот адвокат Ж.К.С. од Скопје , против тужениот « Асоцијација за развој на спорт.култура, мултимедија и продукција РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС - Битола ул.„Браќа Мингови" бр.18 застапуван од адвокат Николчо Лазаров , основ «повреда на право од индустриска сопственост», вредност 40.000,оо денари, по одржана расправа на 26.01.2016 година во присуство на полномошниците на странките и овластеното лице на тужениот Димче Палензо Eлектролукс, во отсуство на странките на

 « 03.02.2016 » година донесе ;

П РЕСУДА

Тужбеното барање на тужителот да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот,за трговските марки: ELECTROLUX. (во збор) со регистарски број 03982 и ELECTROLUX.. (во збор) со регистарски број 03983 , да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговската марка ZANUSSI (во збор) со број на пријава ТМ 2013/556 , да се забрани на тужениот да ги користи трговските марки на тужителот,и тоа: ELECTROLUX.. (во збор) со регистарски број 03982 регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од Меѓународната класификација на производи и услуги, ELECTROLUX.. (во збор) со регистарски број 03983 регистрирана за производи од класите 01,03,04,06,,07,08,09,10,11,12,14,17,18,20,21 и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги и ZANUSSI. (во збор) со број на пријава ТМ 2013/556 за производи и услуги од класа 28 од Меѓународната класификација на производи и услуги, да се наложи на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) да ги поништи регистрациите на домените:e.и e.да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот,СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот да му плати на тужениот 24.308,00 денари трошоци во рок од 8 дена по приемот на пресудата , а поголемото барање на тужениот за трошоци до износот од 66.245,00 денари СЕ ОДБИВА .

О б р а з л о ж е н и е

 

Тужителот поднесе тужба против тужениот по основ повреда на правото од индустриска сопственост, со наводи дека е носител на бројни национални и меѓународни трговски марки меѓу кои се и ELECTROLUX.. марките и ZANUSSI марките. Двете трговски марки се регистрирани во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви при што трговската марка ELECTROLUX.. (во збор) е со регистарски број 03982 и приоритет од 18.09.1957 година ,регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од меѓународната класификација на производи и услуги, а истата марка е регистрирана и со регистарски број 03983 и приоритет од 20.09.1928 година  регистрирана за производи од класите 01, 03, 04, 06, 07, 08, 09,10,11,12,14,17,18, 20, 21 и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги,додека пак трговската марка ZANUSSI. е исто така регистрирана во ДЗИС како во збор така и во изглед.Тужениот е регистриран во ЦР на РМ како Асоцијација НАББА  МАКЕДОНИЈА- Битола и е регистрант на домен имињата e.и e.што е видно од интернет страницата на Македонската Aкадемска Истражувачка Мрежа (МАРНЕТ).На споменатите интернет страници домен имиња,тужениот ги користи трговските марки ELECTROLUX. марките и ZANUSSI. марките кои се сопственост на тужителот неовластено, што претставува повреда во смисол на чл.206 ст.1 од Законот за индустриска сопственост, став.3 точка 2 ,како и ст.4 од овој член. Тужениот дури и нуди на продажба производи од тужителот со опција за купување на истите директно од интернет страната,се разбира знаејќи дека тоа не е точно бидејќи тужениот не е овластен за дистрибуција,сервисирање или продажба на производи означени со гореспоменатата трговска марка ELECTROLUX..Тужениот на некои негови интернет страни прикажува и интерактивна апликација на која се гледа изложбен салон на тужителот и се нудат производи од неговиот асортиман меѓу кои и производи означени со горенаведените трговски марки.Тужениот фактички се користи со знак идентичен со трговските марки на тужителот, со што прави повреда на неговите права ,истовремено користејќи го угледот и реномето на тужителот за сопствена промоција, нудејќи сервисни услуги за апарати за домаќинството.Тужениот во неколку наврати пробал да регистрира повеќе трговски марки со знакот ELECTROLUX. или неколку негови варијации ,кои пријави биле одбиени од страна на ДЗИС,а по приговор токму на тужителот,заради постоење на сличност со неговите веќе регистрирани трговски марки. Повредата сторена од страна на тужениот е специфична бидејќи е сторена преку ИНТЕРНЕТ со неовластено користење трговска марка на тужителот,а преку интернет ова е достапно во цел свет,од каде произлегува и создавањето на заблуда кај просечните потрошувачи за потеклото и квалитетот на производите и услугите кои се нудат,што е спротивно на чл.206 ст.1 од ЗИС.Се повика на чл.25 од Правилникот на Марнет според кој регистрантот е одговорен за содржината на интернет страниците. Изводите приложени од тужениот дека не е регистрант на домен имињата се после поднесување на тужбата , што не ја негира повредата настаната пред поднесување на тужбата.За повреда од права на индустриска сопственост, согласно чл.206 од ЗИС и чл. 291 од истиот закон, не е потребно да има реална трговска дејност за самото користење да претставува повреда. Трошоци побара. Тужениот во одговор наведе дека тужбеното барање во моментот на пресудување е беспредметно,бидејќи не може да се утврдува дека во минато време имало повреда Имињата кои се предмет на тужбата повеќе не се запишани, односно не се водат кај тужениот. По однос на домените поради кои се бара повреда на правото на трговска марка, тужителот конфузно и непрецизно најпрво ги наведува домените како основ и бара да се утврди повреда на правото на трговска марка, а потоа и содржината на сајтовите дека неовластено се користеле трговските марки . Отука не е јасно на што се однесува барањето , дали на доменот или содржината на сајтот, поточно не кажува на кој начин е направена повреда и за кои заштитени марки. Тужителот се повикува на чл.206 ст. 3 т. 2 од ЗИС .ЗИС преку оваа одредба јасно и конкретно определува под кои услови може да се бара судска заштита. Само трговска марка како поим постои во трговскиот свет и се применува за комерцијални цели. Како што и самиот тужител се повикува на чл.206 ст.4 , нема никаква дилема дека заштитената трговска марка постои за заштитување на определена трговска дејност, која ќе го разликува од останатите конкуренти во прометот со производи и услуги.Заштита на самата трговска марка значи заштита од нелојална конкуренција , или како што наведува тужителот заштита од користење на трговска марка за да се користи угледот на познатата трговска марка за сопствена промоција.Тужениот е регистриран како здружение на граѓани кое според Законот за здруженија на граѓани и фондации не може да врши никаква трговска дејност, ниту да излегува на пазар за да би правел конкуренција и пуштал во промет производи и услуги.Тужителот ниту со тужбата ниту со вештачењето нема докажано на кој начин тужениот неовластено ја користи марката за создавање нелојална конкуренција во иста или слична трговска дејност, ниту пак дека постои сличност која може да предизвика забуна кај просечен потрошувач. Како што предизвикува ЗИС, тужителот треба да докаже дека носителот на трговска марка, има право да забрани користење во промет од страна на трети лица без негова согласност, знак кој е идентичен или сличен со трговска марка за идентични , или слични производи и дека таквата сличност може да создаде забуна кај просечен потрошувач.

Вештачењето од тужителот го анализира само потеклото и начинот како е заштитена трговската марка кај тужителот, но не се презентира доказ дека тужениот ја користи трговската марка за свои трговски цели и дека остварува добивка, ниту на кој начин можело да создаде забуна кај потрошувачот.Марката ZANUSSI не била никогаш користена од тужениот, ниту регистрирана Тужителот неправилно ја цитира одредбата од чл. 291 од ЗИС. Доменот не е производ кој излегува на пазар. Согласно Правилникот на кој се повикува тужителот , предвидена е управна постапка , а не судска.Судска постапка се води само доколку е повредено правото во трговскиот промет.Трошоци побара Адвокат Николчо Лазаров

 

 Во доказна постапка се прочитаа: извод од регистар на трговска марка ELECTROLUX. бр.3982, бр.3983, бр.2013/556, вештачење од 12.07.2012 год.на А. М. , наод и мислење од декември 2014г. на м-р М. Г., допис од Државен завод за индустриска сопственост за марка бр. 404462, допис од ДЗИС за марка бр.474019, допис за марка бр. 950678, он -лајн регистар на Марнет , за Електролукс .орг.мк  и Електролукс.ком.мк, записник ОДУ.бр.1665/14 и записник ОДУ.бр.576/14 на нотар А. П. А. ,решенија на ДЗИС од 30.04.2014 год., со кои е одлучувано по приговорите бр. 2930/42 , 2934/4 , 2923/4 , 2928/4, 870/1 , 869/1 , 2406/1 , 2922/6, тековна состојба од 20.04.2015 , извод од регистар бр. 556009-4178, записник ОДУ.бр.611/2015 , на нотар А. П. А. , известување од С.П. од 23.02.2015, тековна состојба од 13.02.2015 год., барање до Министерство за економија , извод од регистарска влошка бр.1-13091, решение бр.27-2103/2 од 25.07.2000 год., полномошно од 13.01.2005 год., тековна состојба од 14.08.2013 год., СЗД Електролукс  ДП решение УП.бр.2550 од 27.01.1986 год , изјава - полномошно од 15.03.2013 год., тековна состојба, од 27.07.2010 год., решение бр.23-19.11./3 од 08.10.2002 год., тековна состојба од 20.08.2014 год., решение УП.1.07-49 од 22.07.2013 год., решение за утврден приход од 26.01.2015 год., извод од МКР , тек.бр.1396/1995, одлука за организирање на фестивал за креирање апарати за домаќинство, решение од Завод за статистика од 25.12.2001 год. , документ од Ц.Р од 20.07.2011 год., решение бр. 07-156/1 од 19.07.2010 год., решение бр.11-1569/2 од 7.11.2014 год, решение бр.11-91/2 од 03.02.2015 год., фактури бр. 41/15 . 04/07,09/10, тековна состојба од 12.03.2014 год. , договор за одстапување на домени од 29.04.2013 год., изјава за согласност , барање за пренесување на договорот , визит картички, од Сервис Електролукс ., ценовник од 01.06.1993 год. , Електролукс ДООЕЛ решение од 10.11.1994 год.., сервисна пресметка бр. 1534 , испратница бр. 176 , допис од скопски саем од 09.12.2002 год., договор со адвокат канцеларија С. В., соопштение до јавноста од 22.10.2011 год. , извадок од Марнет за домен електролукс.мкд.соопштение до јавноста од 25.07.2012 год. , допис од Марнет од 13.01.2015 год., со приложени одговори на поднесено барање за арбитража за домените бр. 25786, 12853, 12781, 28739, 12848, 15546, 9851, 8934, 14111,7864, 12852, 30635,9852, 9639, 30131, 30636, жалба од 19.02.2009 год., Врховен Суд решение Рев.1.бр.441/10 од 09.02.2011 год., пресуда ТСЖ.1233/11 од 25.04.2012 год., Врховна пресуда Рев.1.220/12 од 13.06.2013 год., решение ССЖ.бр.891/07 од 26.09.2007 год. , пресуда ТСЖ.бр.366/09 од 18.01.2010 год., Основен Суд пресуда ТС.бр.110/11 од 10.10.2011 год., пресуда ТС.348/07 од 24.12.2008 год., решение ТС.348/07 од 20.08.2007 год., тужба од 05.07.2007 год., записник на Државен -пазарен инспекторат од 25.10.2011 год.,извадок од Марнет за домен електролукс.мк со барање за домеин и фактура, извадок за е. . мк , извадок за е..мк , извадок за е.лаб.мк , извадок за е..мк , извадок за е. .ком.мк , извадок за е..мк , извадок за е..ком.мк , е..ком.мк , извадок за е..ком .мк , извадок за е..ком.мк , извадок за е..ком.мк , извадок за е..ком.мк , извадок за е..ком.мк., извадок за е..орг.мк, извадок за е..мк,

1. www.elektroluks.com.mk

2. www.electrolux.com.mk,

3. www.electroluxpalenzo.mk

4. www.electroluxappliances.com.mk

5. www.electroluxprofessional.com.mk

6. www.elektroluxmakedonija.com.mk

7. www.electrolux.mk

8. www.elektroluks.mk

9. www.electroluxservice.com.mk

10. www.electroluxheatingelements.com.mk

11. www.akademijaelectrolux.com.mk

12. www.electroluxdesignlab.mk

13. www.elektroluks.net.mk

14 . www.elektrolux.com.mk 

15. www.electrolux.org.mk

барање за признавање трговска марка од 13.10.2014, барање без датум , барање без датум , барање без датум, три сертификати за сопственост и авторизација со барање за признавање на марка , тужби до Управен суд против решенијата бр. 870/1, 2406/4, 2923/4 , 282/7 , 281/7, 280/7, 869/7, 6 изјаснувања до ДЗИС бр.282/2, изјаснување бр.284/2, стручно мислење ТС.бр.348/07 ,10 сертификати за сопственост и авторизација , понуда бр.925-01/2012,со приложени порачки, понуди и кореспонденција, лична карта од Силвана Палензовска. Електролукс., решение У108-35 од 21.05.2015г., решение на ЦР од 22.05.2015, тековна состојба од 20.08.2014, решение У.1.07-49 од 22.07.2013, решение за приход од 26.01.2015, извод од МКР , тек.бр. 1396 , тек. состојба за ЕМБ 4819926 , за ЕМБ 499 7344, статут од 22.06.2015, записник од 22.06.2015, тековна состојба од 12.03.2014, решение бр.11-1081/2 од 04.10.2012, решение бр.11-1569/2 од 07.11.2014, програма на фестивал за креирање апарати за домаќинство со прилози, Правилник и одлука за основање , вештачење од 05.05.2015 , од 18.08.2012, од лектор Т. О., стручно мислење од лектор З. Б., од 05.05.2015 г., фактури од 27.03.2015, и 27.04.2015, извадок од одлука Рев.бр.341/00 , стручно мислење од 18.08.2012, на лектор Т. О., со прилог -фотографии ,јавен информатор од О. Б. , лична карта од Теодор. Палензо. Електролукс , докази за жалба за ТС.бр.12/15 и ТС.11/15 , извадок од Марнет за Електролук.мкд., решение на Марнет од 18.05.2015, допис од Марнет од 13.01.2015, во врска со барања за покренување на арбитража , барања за покренување на постапка за арбитража од 08.01.2015. Полномошниците се согласија  ЦД со наслов Интернет апликаци и ЦД-лукс да биде прегледан од судскиот совет вон расправа. Тужителот е носител на трговски марки ELECTROLUX. и ZANUSSI. Двете трговски марки се регистрирани во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви при што трговската марка ELECTROLUX (во збор) е со регистарски број 03982 и приоритет од 18.09.1957 година ,регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од меѓународната класификација на производи и услуги, а истата марка е регистрирана и со регистарски број 03983 и приоритет од 20.09.1928 година регистрирана за производи од класите 01, 03, 04, 06, 07, 08, 09,10,11,12,14,17,18, 20, 21 и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги,додека пак трговската марка ZANUSSI. е исто така регистрирана во ДЗИС како во збор така и во изглед.

Тужениот е регистриран во ЦР на РМ како . РТВ. НАББА МАКЕДОНИЈА .ЕЛЕКТРОЛУКС. - Битола и е регистрант на домен имињата e .com.mk и e.org.mk. Надлежен регистар за тужениот е Регистар на здруженија на граѓани и фондации. Тужениот е субјект кој не се занимава со промет на стоки и услуги .Во просториите на тужениот при извршена контрола од Државен пазарен инспекторат не биле пронајдени видливи ознаки на трговските марки на тужителот . Тужбеното барање на тужителот е неосновано . Тужителот се повикува на чл.206 ст.1 од Законот за индустриската сопственост,според кој носителот на трговските марки има исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и има право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги, доколку таква сличност може да создаде заблуда кај просечниот потрошувач,вклучително и можноста од асоцијација меѓу знакот и трговската марка како што стои во став.3 точка 2 од овој член, додека пак во ст.4 од овој член е утврдено дека забраната опфаќа и : ставање на знакот на производите или нивните пакувања,давање услуги или пуштање во промет производи обележани со тој знак и воопшто користење на знакот при кореспонденција,огласување и рекламирање.

 Со оглед дека тужениот не врши промет на стоки и услуги , тој ниту е во можност да изврши повреда на трговските марки на тужителот . Тужителот се повикува и на одредбата од чл. 291 ст. 2 од ЗИС според кои како повреда на пријавени или признаени права од индустриска сопственост се смета употреба на знак кој е идентичен со трговски марки на носителот на правото , се користи за идентични или слични производи или услуги при што несоменено ги доведува до заблуда просечните потрошувачи . Нема место за примена ниту на оваа одредба бидејќи тужениот не врши промет на стоки и услуги. Тужителот се повикува и на одредбите од Правилникот за организација и управување со врвниот македонски MARnet МК домен и врвниот македонски МКД домен .Со оглед дека тужениот е Македонски Правен Субјект во ознаките на домените стојат додатоци com. mk. и org.mk., што несомнено укажува дека се работи за македонски правен субјект и не може да се доведе во никава врска со тужителот кој е странски субјект. Тужителот се повикува и на одредбите од чл 46 ст. 3 од ЗТД според кој фирмата може да се употребува како трговска марка , на начин и под услови определени со Закон. Тужениот нема направено никаква повреда на оваа одредба бидејќи тој има право и е должен да го користи името под кое е регистриран . За да му се забрани да го користи името потребно е прво да му се поништи регистрацијата во Централен регистар. При одлучувањето судот ја имаше во предвид и пресудата РЕВ1.б.220/12 од 13.06.2013 година на Врховен суд на РМ со која во последен степен е одбиено барање на истиот тужител против Електролукс ДООЕЛ Битола. Врховниот суд прифатил дека со користење на доменот e..com.mk не е сторена повреда на трговската марка на тужителот бидејќи правото на трговска марка не му дава право на тужителот како носител на трговска марка да му забрани на трето лице употреба во стоковниот промет на нивните имиња, презимиња, знаци или трговски имиња, без оглед на фактот што тие се идентични или слични со трговската марка. Врховниот суд прифатил и тоа дека тужениот не ја користел трговската марка во прометот така што не можел да ги доведе во заблуда просечните потрошувачи коа на интернет ќе го забележат домен името на тужениот со заштитената трговска марка на тужителот.Исто така во просториите на тужениот не биле пронајдени видливи ознаки на трговската марка на тужителот. Врховниот суд прифаќа и тоа дека намерата на тужениот при регистрацијата на доменот не било користење на трговската марка или логото на тужителот во своја корист , туку согласно законските прописи регистрирал домен кој одговара на името на неговата фирма . На тужениот согласно чл.148 од ЗПП му се досудија трошоци за состав на полномошно и трошковник по 1.300,00 денари , за четири застапувања по 4.500,00 денари и ДДВ во износ од 3.708,00 денари . На тужениот му се досудија само трошоците кои беа потребни за водење на парницата во смисол на чл.149 од ЗПП. Трошоците за ангажирање адвокат од друго место како што се патни трошоци не се сметаат како трошоци потребни за водење на оваа парница,бидејќи тужениот можел да ангажира Aдвокат од Битола.Од тие причини на тужениот му следуваат само трошоците што би ги имал доколку ангажирал адвокат од Битола,а дополнителните трошоци за ангажирање адвокат од друго место паѓаат на товар на тужениот. На тужениот не му се досудија трошоци за состав на жалба против решение за привремена мерка и судска такса за жалба бидејќи овој правен лек на тужениот е одбиен така што не може да се смета како нужен трошок за водење на постапката. Претседател на совет, С у д и ј а, «О. А.»

 

 

 

ПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена по приемот, преку овој суд до Апелациониот суд во Битола. ДНА: адв. Ж. К. С. и, адвокат.Николчо Лазаров.. НАЛОГ ЗА ТАКСА: СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот во рок од 5 дена од доставување на преписот од оваа пресуда да плати такса за одлука во износ од 1.200,оо денари на Буџетска сметка на РМ 100000000063095 при НБ на РМ приходна шифра 722211 , во спротивно истата ќе се наплати присилно преку решение на Управата за јавни приходи зголемена за 50 % по основа на казнена такса. 

Важна Информација Пресудата е објавена на Веб страната на Основен Суд Битола можите тоа да го погледнете  на линкот на ;

http://osbitola.mk/Odluki.aspx?odluka=25262